|
Чоколадото штети на коските |
|
|
|
Сабота, 09 Февруари 2008 |
(makfax)
Студијата спроведена врз 1460 жени на возраст меѓу 75 и 80 години утврди дека има врска меѓу консумирањето на чоколадо и намалување на густината на коскената маса.
Добиените резултати се однесуваат на жените кои секојдневно јаделе чоколадо.
Кај жените кои консумирале чоколадо до еднаш неделни не се забележани негативни промени на коските.
Познато е дека продуктите богати со шеќер негативно делуваат на здравјето на коските, бидејќи шеќерот во организмот се претвора во киселини, кои го извлекуваат калциумот од коските. (макфакс) |