Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Туризам arrow Најпривлечна знаменитост

Најпривлечна знаменитост Испечати Е-маил
Рејтинг: / 1
СлабоНајдобро 
Четврток, 17 Јануари 2008
(makfax) Древните Египетски пирамиди на платото Гиза се прогласени за најпривлечна светска знаменитост, соопшти Светската туристичка организација. Наградите што ги доделува организацијата претставуваат своевиден „Оскар“ во светот на туризмот.

Наградата и беше врачена на делегација од Египет, во рамки на свечената церемонија по повод 14 години од постоењето на меѓународната организација.

Изборот на најпривлечна светска знаменитост бил извршен по пат на гласање, во кое што учествувале 167 илјади лица од 160 држави, меѓу кои и експерти за туристичка индустрија.

Милиони туристи, секоја година, пристигнуваат во Каиро за да ги видат пирамидите, кои се едно од седумте светски чуда.

Пирамидите се смета дека биле изградени пред 4.500 години, како гробници за фараоните. Се уште постојат голем број енигми за начинот на нивната изградба, како и за точниот период кога биле изградени.

Традиционалните научни теории повеќепати беа подложени на промени.

Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.


www.org.mk

digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net