|
Среда, 16 Јануари 2008 |
Во овој луксузен хотел со пет ѕвездички наскоро ќе можете да уживате и во воздух, и тоа во летечката чинија на францускиот дизајнер Жан-Мари Масуд, кој нуди и повеќе од потребното за ваш идеален одмор.
Manned Cloud е летечкиот хотел осмислен од францускиот дизајнер Жан-Мари Масуд. Таканаречениот ’Воздушен брод’ Масуд го развил во соработка со француската компанија ONERA. Хотелот ќе има капацитет од 40 гости кои ќе уживаат во 5000-те километри домет.
Хотелот ќе може да крстари со брзина од 130 километри на час, а максималната бразинакоја може да ја постигне изнесува 170 километри на час. Бродот со две палуби ќе биде суперлуксузно опремен. Ќе има ресторан, библиотека, бањи, како и други интересни работи.
Во склоп на хотелот ќе има и ’сончева палуба’, опкружена со двослојна обвивка која ќе биде наполнета со хелиум.

 |