Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Туризам arrow Туризам на судниот ден

Туризам на судниот ден Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Вторник, 25 Декември 2007
(makfax) Глобалното затоплување доведе до нов тренд во туризмот – луѓето на годишен одмор се повеќе одат на најзагрозените места на Земјата, за кои се претпоставува дека со тек на времето сосема ќе исчезнат.

Природните катастрофи, што и се закануваат на Земјата поттикнале голем број американски туристи да ги посетат глечерите на Аљаска, Патагонија, Арктик и Антарктик, островите на Пацификот што полека тонат, како и Големиот корален гребен во Австралија.

Уредникот на списанието Травел Ејџ Вест, Кен Шапиро, нагласува дека овој феномен е еден од најзначајните туристички трендови годинава.

“Го нареков туризам на Судниот ден и добив низа одговори од други туристички агенции. Многу како дестинација за одмор ги бираат местата загрозени со еколошките услови. Тоа го потврдуваат и многу други агенции“, додава Шапиро.

Критичарите, меѓутоа, предупредуваат дека трендот “да се види што побргу“ би можел да ја забрза и зголеми штетата.


www.org.mk

digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net