Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Здравје arrow Ракот на белите дробови поврзан со недостигот на сончевата светлина

Ракот на белите дробови поврзан со недостигот на сончевата светлина Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Четврток, 20 Декември 2007
(makfax) Научниците по опширното истражување откриле дека стапката на рак на белите дробови е највисока во земјите што се најдалеку од екваторот, каде луѓето примаат минимум сончева светлина.

Причината за тоа е недостигот на витаминот Д, што делува превентивно на развојот на ракот.

Луѓето најголемиот дел од витаминот Д го добиваат токму преку изложувањето на сончевата светлина. Иако најчести причини за развој на рак на белите дробови е пушењето (во 85 проценти од случаите), се чини дека одредено влијание има и изложеноста на сончевата светлина.

Авторот на истражувањето Кедрик Гарланд изјавил дека до рак доаѓа кога клетките почнуваат да се делат на неконтролиран начин, додавајќи дека витаминот Д го стимулира ослободувањето на хемикалии кои во комбинација со калциумот создаваат материја која ги лепи тие клетки и оневозможува натамошна делба.

Исто така, постојат докази и дека витаминот Д може да помогне во забавувањето на развојот на веќе појавениот рак. Но, ниту изложувањето на сонцето не е безопасно. Стручњаците предупредуваат дека токму сончевата светлина е причина за појава на рак на кожата.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net