Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Туризам arrow Паб во прастаро дрво

Паб во прастаро дрво Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Петок, 21 Декември 2007
(makfax) Околу шест илјади години старото дрво – баобаб, високо 22 и широко 47 метри, брачната двојка Ван Хеерден го претвори во паб каде жителите на јужноафриканскиот град Лимпоп, но и многубројни туристи доаѓаат да ја изгаснат жедта.

Двојката ван Хеерден во дрвото што го чистеле пронашле траги од Бушманите кои тука порано живееле. Тие пронашле артефакти што припаѓале на Вортрекерите, холандски пионери кои патувале по Јужноафриканската Република кон средината на 19-ти век.

“Пронајдовме остатоци од кревет направен од камења, што Бушманите го направиле најверојатно во 18-ти век и остатоци од воловска запрега и алат што докажува дека овде престојувале и Вортркрекерите“, велат сопствениците.

Во дрвото тие направиле паб каде удобно можат да се сместат 15-тина луѓе. Ѕидовите се дебели околу два метри, таванот е висок четири, а пабот има и свој подрум со вентилација за пивото да биде на ладно.

Дрвото е толку широко што се потребни 40 возрасни луѓе со раширени раце за да се префати целото.

Инаку, дупката во овој вид дрва почнува се создава по повеќе од една илјада години. Испитувањето покажало дека овој примерок е стар околу шест илјади години.

Баобабот го нарекуваат уште и дрво на животот, бидејќи дава засолниште, храна и вода на животните и луѓето во африканските савани.

Стотици птици, инсекти и мали цицачи живеат во дрвото, чиј плод, наречен “мајмунски леб“, е важен извор на витаминот Ц.

Овој паб годишно го посетуваат повеќе од седум илјади посетители од цел свет.


www.org.mk

digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net