Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Трендови arrow Секс индустријата се сели од Амстердам

Секс индустријата се сели од Амстердам Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Вторник, 18 Декември 2007
(makfax) Властите на Амстердам во понеделникот го претставија сеопфатниот план за санирање на историското јадро на градот, во кој меѓу другото, се предвидува и затворање на стотината “излози“ во Црвената четврт, позната според проституцијата.

Иако проститутките кои се рекламираат во излозите секогаш ќе имаат свое место во Амстердам, Црвената четврт ќе се намали, а проститутките ќе работат според значително построги критериуми.

Градоначалникот на Амстердам, Јоб Кохен признава дека одлуката од 2000 година за легализирање на проституцијата, што со години се толерираше, била грешка.

“Таа одлука не вроди нешто на што се надевавме и го очекувавме“, признава Кохен.

Така, во некои улици и најстарите продавници во целост ќе биде забранета индустријата на сексот, според што ќе треба да се затворат околу три четвртини од 400-те излози со проституција.

“Помина времето кога им дозволувавме на воајерите да владеат со историското јадро на градот“, изјавил градоначалникот.

За “чистење“ и новиот имиџ на градот ќе се издвојат 15 милиони евра.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net