|
Вторник, 18 Декември 2007 |
(makfax)
Новите американски истражувања покажуваат шокантен биланс – само годинава, преку 7,6 милиони луѓе ќе умрат од различни видови карцином. Само годинава, развојот на тие болести на своја кожа ја почувствувале 12,3 милиони луѓе.
Ширум светот од рак дневно умираат околу 20 илјади луѓе. Пушењето се смета за најголем виновник за овие поразителни статистики, а појавата на рак е почеста на постара возраст.
Се претпоставува дека во развиените земји околу 5,4 милиони луѓе ќе добијат рак, а дури 2,9 милиони ќе умрат од карцином, додека 4,7 милиони ќе умрат во земјите во развој.
Меѓу мажите, најчести видо на рак се на простата, белите дробови, црниот дроб и рак на желудникот, додека меѓу жените преовладуваат рак на дојките, карцином на цервиксот, дебелото црево.
Поразува фактот дека само годинава од последици од рак на дојките ќе умрат скоро половина милион жени, со што тој вид на карцином убедливо се искачува на првото место од најчестите видови на карцином кај жените. |