|
Playboy девојка на месецот |
|
|
|
Петок, 14 Декември 2007 |
Саскиа Порто е новата Playboy девојка за месец декември. Таа е родена на 31 октомври 1984 година во Пернамбукано, Бразил. Уште како мала била полна со енергија, играјќи одбојка, учејќи за балерина и пеејќи во црковниот хор.
Саскиа Порто секогаш била во центарот на вниманието изведувајќи го нејзиниот омилен танц Квадриља. Со танцови се занимавала до својата 14-та година, а од 15-та година започнува нејзината кариера како модел. До својата 17-та година освојува неколку натпревари во убавина во родниот Бразил и на таа возраст се преселува во САД, каде нешто подоцна се запишала на студии по маркетинг. Но, обемната работа како модел не и дозволува да продолжи и таа наскоро го напушта колеџот. Нејзината модна агенција Major Model Mаnagеment со обврските кои и ги доделува ја принудува да се пресели да живее во Њу Јорк, каде и била забележана од Playboy скаутите.






 |