Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Трендови arrow Најскап парфем

Најскап парфем Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Четврток, 13 Декември 2007
(makfax) Во лондонската парфимерија Кроун пред седум години одлучиле да произведат парфем не прашувајќи за цената на неговите состојки. Денес тоа е најскапиот парфем на светот, а меѓу останатите, го користат Кејт Холмс и Елтон Џон.

Гинисовата титула за најскап парфем на светот ја носи Клајв Кристијан Но. 1 Империјал Маџести, а се продава во Saks Fifth Avenuе во Њујорк.

Составен од многу скапоцени и ретки состојки, овој парфем го осмислил Клајв Кристијан и го продава веќе шест години по цена од 2.350 долари за 30 милилитри, а секоја година се произведуваат само една илјада машки и женски парфеми.

“За Но. 1 имавме единствена цел – да произведеме најдобар парфем во историјата, без оглед на цената ги купивме состојките што ќе дадат најдобар резултат, дури и ако тоа значи дека следната година такви состојки нема да има. Со други зборови, Но.1 се менува од година во година„, вели Кристијан.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net