|
Глобалното затоплување им се заканува на пингвините |
|
|
|
Среда, 12 Декември 2007 |
(makfax)
Глобалното затоплување се заканува да го намали бројот на пингвините на Антарктикот, соопшти здружението Светски фонд за заштита на природата.
Во извештајот „Пингвините на Антарктикот и климатските промени“ се наведува дека поради глобалното затоплување исчезнува скапоценото копно на кое некои видови пингвини ги подигаат своите млади, додека другите останале без извори на храна поради поместувањето на ледените површини.
Антарктикот се загрева пет пати повеќе од остатокот на Земјата, а температурата на најголемиот дел на Јужниот океан расте се до длабочина на 3.000 метри.
Бројот на пингвините во некои колонии се смалил од 30 до 66 отсто, а слична судбина ги затекнала и жолтоногите пингвини.
Некои колонии на царските пингвини се преполовиле во последниот половина век, а поради повисоките зимски температури и силните ветрови пингвините мораат да ги подигаат младите на многу потенок мраз. |