Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Технологија arrow Експертите се загрижени

Експертите се загрижени Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Петок, 07 Декември 2007
(makfax) Еколошката акција што треба да се направи во сабота во Германија, а се состои од тоа да се изгаснат светилките во траење од пет минути, би можела да го поремети европскиот електроенергетски систем, предупредуваат германските експерти.

Иницијативата “Изгаси ја светилката за климата“, што ја покренаа германските здруженија во Германија, Швајцарија и Австрија, а ја прифатија сите големи медиуми, ги повикува Германците да ги изгаснат светилките од 19 до 19.05 часот.

“Таквата симболична акција е супер, но ако има премногу учесници, може сериозно да се закани на целата европска мрежа, која се одржува на постојаната рамнотежа меѓу производството и потрошувачката на струја“, вели Клаус Клајнкекорт, официјален претставник од втората по големина германска електроенергетска мрежа RWE.

Портпаролот на едно од здруженијата – иницијатори на овој проект, меѓутоа, тврди дека нема место за загриженост, додавајќи дека било контактирано со снабдувачите на струја, кои рекле дека не би требало да има проблеми.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net