|
Четврток, 06 Декември 2007 |
Кoнечно започна да се остварува сонот на секој гитарист. Најпознатата компанија за производство на гитари, Gibson, по десет години упорна работа на пазарот исфрли гитара која сама ги детектира раштиманите жици и сама ги подесува.
Гитарата на Gibson е првата електрична гитара на светот со систем кој овозможува автоматско штимање. Овој изум беше претставен во Лондон, а од Gibson тврдат дека оваа гитара ќе го промени музичкиот свет. За усовршување на моделот биле потребни десет години. Оваа гитара ќе се продава на 400 продажни места ширум светот, а секое продажно место ќе има најмалку десет примероци од оваа неограничена серија Les Paul Silverburst, а нормалниот модел на Robot стигнува во продавниците догодина. Оваа револуционерна гитара може сама да открие дали некоја жица е раштимана и со помош на мали моторчиња сама се штима. Гитарата во Британија ќе се продава по 1400 фунти(1970 евра). Изумителот на оваа гитара Крис Адамс тврди дека неговата гитара веќе ја испробале Били Корган од Smashing Pumpkins, Мет Белами од Muse, а за неа бил заинтересиран и Пит Таунсенд од The Who.  |