Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Здравје arrow Лекување со тестостерони?

Лекување со тестостерони? Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Понеделник, 03 Декември 2007
(makfax) Високото ниво на природниот машки хормон тестостерон во организмот ги штити луѓето од смртоносните срцеви и мозочни удари, велат британските научници.

Меѓутоа, тие предупредуваат дека резултатите од истражувањето, што траело 10 години, се уште не се сигурни, бидејќи не се испитани сите предности и ризици поврзани со тестостеронот.

Улогата на тестостеронот во здравјето на мажите и натаму е загатка за научниците, бидејќи се уште не е утврдено на кој начин овој хормон влијае врз здравјето.

Истражувањето, предводено од доктор Кеј Ти Коу, професор за клиничка геронтологија на медицинскиот универзитет во Кембриџ, потврдило дека зголеменото природно ниво на тестостерон има позитивен ефект врз здравјето на мажите.

Оние кои имаат повеќе од 25 проценти од природното ниво на тестостерон во организмот, имаат за 41 проценти помал ризик да умрат од срцев, мозочен удар, или други болести на кардиоваскуларниот систем и рак, во споредба со оние со понизок ниво на хормонот од наведениот, откриле научниците.

Научниците испитале 11.606 Британци, на старост од 40 до 79 години, кои на почетокот од истражувањето не страдале од кардиоваскуларни болести, односно немале рак.

За време на истражувањето починале 825 мажи. Научниците го измериле нивото на тестостероните и ги споредиле со нивото кај мажите кои биле живи на крајот на 10 годишното истражување.

Коу изјавила дека односот меѓу нивото на тестостероните и смртноста од кардиоваскуларни болести би можело да се спореди со скалилото на востановените ризични фактори, како што се високиот крвен притисок и нивото на холестерол.

Утврдено е дека ниското ниво на тестостерони може кај мажите да го зголеми ризикот од смртност од кардиоваскуларни болести, иако немале ниту еден друг познат фактор на ризик, велат научниците.

Коу додава дека резултатите од истражувањето навестуваат дека мажите со ниско ниво на тестостерони можат да го отстранат ризикот така што ќе земаат дополнителни количества од тој хормон, но ова не се препорачува се додека истражувањето не се спроведе до крај.

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net