|
Вторник, 04 Декември 2007 |
(makfax)
Дедо Мраз и натаму е многу популарен во финската област Лапонија, каде божиќните и новогодишните празници ќе ги поминат десетици илјади туристи од цел свет.
Почнувајќи од први декември па до средината на јануари, се очекува пристигнување на 120 илјади фински и странски гости, љубители на белите степи, ирваси и поларната светлина, како и атељеата во кои се прават играчки, вели Тула Ринтала Гардин, од канцеларијата за туризам.
Рованијеми, чиј аеродром е изграден на подрачјето каде што „официјално“ живее Дедо Мраз, ќе пречека повеќе од 50 илјади туристи. |