Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Забава arrow Срамежливата Селма Хајек

www.org.mk
Срамежливата Селма Хајек Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Среда, 31 Мај 2006
Познатата актерка и не е толку имуна на шармот на помладите колеги како Колин Фарел. Таа била смртно исплашена пред снимањето на љубовните сцени со него, но лудориите на Фарел целосно ја опуштиле пред снимањето.

Селма Хајек, (39), била смртно исплашена од репутацијата на перфектен љубовник што Колин Фарел ја поседува. Но за време на снимањето на филмот “Прашај ја прашината“, Колин нашол начин како да ја опушти партнерката од филмот. Тој излегол на плажата целосно гол, пред целата екипа, и почнал да игра балет пред Селма.

Таа подоцна изјавила: “Кога конечно излегов на сцената, целосно облечена, го здогледав Колин како од мајка роден. И тоа не беше се. Тој ми се приближи и почна да изведува некои балетски чекори кои беа многу смешни. За кратко време јас бев со насмевка на лицето и целосно опуштена“.

Таа додаде: “За време на снимањето на експлицитните сцени, тој ниеднаш не погледна во моето голо тело. Секогаш ме гледаше во очите. За мене тој ќе остане совршен џентлмен“.

П.Т.



digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net