Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Здравје arrow Ноќната работа води до рак

Ноќната работа води до рак Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Понеделник, 03 Декември 2007
(makfax) Ноќните смени, со кои се опфатени скоро 20 проценти од работниците во развиените земји (Европа, САД) Меѓународниот центар за истражување на ракот (ИАРЦ), агенција на Светската здравствена организација, го стави во групата на “потенцијално канцерогени“ работни места.

„Ноќната работа, односно работата со неправилни смени на работното време дење и ноќе, што го пореметуваат биолошкиот часовник може да се внесат во истата група со потенцијално канцерогените материи, како што се издувните гасови од дизел моторите, ултравиолетовите зраци, оловото на старите слики и во старите водоводни цевки“, вели Винсент Коглиано, епидемиoлог од ИАРЦ.

Сменската работа, што вклучува ноќни смени, во подолг временски период, го зголемува ризикот од рак на дојките кај медицинските сестри и стјуардесите, во споредба со оние кои работат само во дневни смени.

„Тоа е вистински ризик што епидемиолозите го оценуваат како умерен“, истакнува Коглиано.

Ноќната работа, според научниците, би можела да биде погубна поради делувањето врз дневниот ритам, бидејќи изложеноста на светлина го прекинува производството на хормонот мелатонин, што телото го произведува ноќе. Недостигот, пак, на мелатонинот го поттикнува создавањето тумор, а промената на ритамот на будни периоди и сон, би можело да ги поремети гените што учествуваат во појавата на тумор.

Покрај тоа, познато е дека кај луѓето недостигот на сон, а со тоа и на мелатонинот, води до опаѓање на имунитетот.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net