Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Здравје arrow Депресијата ги слабее коските на жените

Депресијата ги слабее коските на жените Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Четврток, 29 Ноември 2007
(makfax) Кај жените помлади од 45 години, кои страдаат од депресија, присутно е намалувањето на коскената маса.

Губењето на коскената маса било најизразено на колковите, дури осум пати почесто отколку кај испитаничките кои не страдале од депресија, објавија американските научници од Националниот институт за ментално здравје.

Фрактура на колкот е потенцијално фатална и една од најчестите последици на остеопорозата.

Овие резултати се базираат врз испитување на 133 жени, на возраст од 21 до 45 години. Депресијата на нивото на коскената маса имала еднакво или уште поголемо влијание како и познатите фактори за ризик од остеопороза, како што се пушењето, намаленото внесување на калциум или недоволното вежбање.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net