Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Здравје arrow Животот во градот го зголемува ризикот за рак на дојките

Животот во градот го зголемува ризикот за рак на дојките Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Четврток, 29 Ноември 2007
(makfax) Жените кои живеат во градовите имаат поголеми шанси да заболат од рак на дојките, сугерира истражувањето спроведено во лондонската болница Принцеза Грејс.

Врз основа на анализата на здравјето на 972 жени, кои биле лекувани во таа болница, истражувачите заклучиле дека зголемениот ризик може да се објасни со изложеност на загадениот воздух и на стресот.

Виновник, најверојатно се ситните честички што можат да го имитираат ефектот на женските полови хормони и на тој начин да влијаат врз ризикот за појава на карцином.

Исто така, се покажало дека жените кои живеат во градовите два пати почесто имаат повеќе од 25 проценти погусто ткиво на жлездите во дојките.

Од порано е утврдено дека жените со најгусто ткиво на дојките имаат за четири пати поголеми шанси да заболат од рак.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net