|
Петок, 30 Ноември 2007 |
(makfax)
Фирмата Мајметикс со седиште во Нион , Швајцарија, најави дека за една година ќе ја започне првата фаза од клиничкото испитување на можната вакцина против вирусот ХИВ.
Испитувањето на таа вакцина која го поттикнува производството на антитела во слузокожата, слични на анти тела кои постојат во телото на луѓето со природен имунитет, ќе се спроведува во Белгија од есен 2008 година, врз 30 до 40 жени, соопшти Силвиан Флеури, научник и директор на Мајметикс.
Фирмата научно истражување ќе го спроведува во соработка со фармацевтска лабораторија, истакнувајќи дека нејзината вакцина го поттикнува производството на антитела во слузокожата на половите органи и црева, кај повеќе од 90 отсто од вакцинираните мајмуни макаки.
За имунизација се потребни две до три дози на вакцина во периодот од шест месеци, пред изложување на вирусот. |