(makfax)
Климатските промени се најголем предизвик во 21 век. Сите земји ќе бидат зафатени, а влијанието ќе биде повеќедимензионално, предупредува Јуриј Афанасијев, постојан претставник на Програмата на Обединетите нации за развој во Хрватска.
Во песимистичкиот извештај се наведува дека Планета Земја всушност ја изгубила битката со глобалното затоплување, и на човештвото му преостанува само да се подготви за последиците што ќе произлезат од тој феномен,
Доколку договорот од Кјото наскоро не се примени, светот ќе се соочи со зголемени температури над два отсто, а тоа, како што тврдат од ОН, ќе донесе катастрофални последици.
Дури и во оптимистичкото сценарија на ОН, се предвидува дека се што ќе се случува ќе придонесе за бројни поплави и елементарни несреќи во делови од светот каде тие и денес се чести.
Природните несреќи ќе ги зафатат и подрачјата, кој досега не биле зафатени.
Во краен случај поради зголемувањето на границата на морето луѓето кои живеат во крајбрежните предели или острови ќе мораат да се иселат.
„Тогаш ќе зборуваме за климатски бегалци“, предупреди Афанасијев.
ОН предлагаат глобална борба против климатските промени, која би требало да го обедини целиот свет. |