Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Здравје arrow Бактеријата МРСА се проширила меѓу децата во САД

Бактеријата МРСА се проширила меѓу децата во САД Испечати Е-маил
Рејтинг: / 1
СлабоНајдобро 
Среда, 28 Ноември 2007
(makfax) Нови видови на МРСА, смртоносна бактерија која го напаѓа имунолошкиот систем и го уништува ткивото на белите дробови, се пронајдени кај неколку луѓе во САД.

Станува збор за многу опасна бактерија од која може да се заразата болничките пациенти, но загрижувачки е фактот дека нејзините нови облици се пронајдени кај луѓе кои никогаш не биле во болница, ниту во контакт со заразени од овој вирус,

Заразените од оваа бактерија МРСА, обично не чувствуваат никакви симптоми, а кога ќе почнат да чувствуваат здравствени потешкотии, најчесто е доцна.

Новите видови на оваа опасна бактерија се уште посмртоносни и лесно се пренесуваат од човек на човек.

Заразата со овие облици на вирусот е воочена кај луѓе и деца кои главно немале какви и да е предуслови да се заразата.

Луѓето заразени со новата мутација на МРСА, никогаш не биле во болница ниту во близина на некој кој е заразен од оваа бактерија.

МРСА е отпорна на повеќето познати антибиотици, многу брзо влегува и во крвта и може да предизвика смрт на човекот.

Случаите на инфекција кои од болницата се преселиле меѓу популацијата се откриени кај неколку деца во САД.

Докторите стравуваат од ширење на инфекцијата и надвор од американскиот континент.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net