Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Технологија arrow Нов систем на брза идентификација на жртви од катастрофи

Нов систем на брза идентификација на жртви од катастрофи Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Среда, 28 Ноември 2007
(makfax) Јапонските научници во вторникот го претставиле новиот систем со помош на кој многу побргу ќе може да се идентификуваат жртвите од катастрофите.

Моментално ќе може да се дознае идентитетот на луѓето кои настрадале во земјотрес, авионска несреќа или во терористички напади, со помош на отисоци од нивните заби и споредба на тие рендген снимки со оние кои ги имаат кај своите стоматолози.

Сегашната слична постапка може да трае и неколку денови и не е потполно точна, вели Еико Косуге, стоматолог и радиолог на стоматолошкиот факултет Канагава во Јапонија, кој ја водел работата на овој нов систем.

Тој предложил систем кој овозможува рендген снимките на забите автоматски да се споредат со фотографиите од жртвите.

Системот се темели на високо прецизна постапка за употреба на снимките со кои може да се утврди сличноста и да се поправи неправилноста.

Според него, тој систем овозможува идентификација на жртвите за помалку од четири секунди, што е во просек побргу за 95 отсто од времето кое е потребно денес да се заврши таа работа.

Косуге новата техника ја претставил на годишната конференција во Северно американското радиолошко друштво кое оваа недела има состанок во Чикаго, САД.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net