|
Природните протеини и срцето |
|
|
|
Среда, 28 Ноември 2007 |
(makfax)
Британските научници откриле дека протеинот за кој се веруваше дека делува само на нервните клетки сепак има позитивно влијание врз клетките на срцето.
Истражувачите од Бристол Харт институтот објавиле резултати од студија спроведена врз животни, што покажала дека факторот на раст наречен НГФ (нервен фактор на растење) може да го намали оштетувањето на клетките на срцето по инфаркт.
До инфаркт доаѓа поради блокирање на доток на крв во срцето, што како последица има изумирање на дел од срцевиот мускул.
Новото истражување покажало дека инјектирањето на гените што го контролираат произведувањето на НГФ во срцето на животните кои имале инфаркт може да го спречи изумирањето на клетките. |