Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Технологија arrow Рекордна граница на јаглерод диоксид

Рекордна граница на јаглерод диоксид Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Вторник, 27 Ноември 2007
(makfax) Атмосферското ниво на јаглерод диоксид, главниот стакленички гас што настанува со горење на фосилните горива, достигнала рекордна граница во 2006 година и го забрзува глобалното затоплување, објави Светската метеоролошка организација (СМО).

Но, концентрацијата на метан, вториот предизвикувач на затоплувањето, не се зголемила, што го објаснува фактот дека сибирскиот пермарфрост не опаѓа, иако научниците тоа го поради растежот на температурите.

„Во 2006 година глобално просечната концентрација на јаглерод диоксид во атмосферата достигна рекорд“, тврдат од Светската метеоролошка организација, на панел дискусијата за климатски промени .

СМО објавиле дека границата од 2005 година пораснала за 0,53 отсто и сега во атмосферата има 381,2 честички на милион, што е за 36 отсто повеќе од границата во 18 ти век, пред индустриската револуција.

Границата на јаглерод оксид, третиот стакленички гас што настанува со согорување на горивото во индустриските процеси, исто така забележала раст со рекордна граница.

Од 2006 година, добила 0,25 отсто и границата сега е 320 честички на милион, што е за 19 отсто повеќе отколку прединдустриската доба.

Иако границата на метан не расте, напротив во 2006 паднала за 0,06 отсто, на 1782 честички на милион, и понатаму е за 155 отсто повеќе отколку пред индустриската револуција.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net