Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Технологија arrow Индијанците се од Сибир?

Индијанците се од Сибир? Испечати Е-маил
Рејтинг: / 1
СлабоНајдобро 
Среда, 28 Ноември 2007
(makfax) Индијанците се потомци на доселеничка група, која од Сибир дошла на Аљаска преку копното што денеска не постои повеќе, потврди истражувањето на американски генетичари.

Студијата истовремено ги отфрла тврдењата дека Индијанците се потомци на повеќе поголеми групи, кои во повеќе наврати се селеле од Азија во Америка.

Истражувањето на експертите на американскиот Универзитет Мичиген се базира на анализа на гените на домородците во Северна и Јужна Америка, како и припадници на две групи од Сибир.

Анализата покажа дека сите индијанци имаат специфична генетска комбинација, што потврдува дека потекнуваат од иста група луѓе.

Оваа генетска комбинација може да се најде само кај жителите на источен Сибир и никаде на друго место во светот.

Антрополозите и археолозите долго време се разидуваат по прашањето дали американските домородци се доселиле пред околу 12 илјади години од Сибир или пред околу 30 илјади започнале во повеќе наврати да пристигаат по копно и по море од Азија и Полинезија.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net