Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Кулинарство arrow Запечатена свинска глава

Запечатена свинска глава Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Среда, 31 Мај 2006
За подготовка на ова јадење потребни ви се следниве производи:

- 1 свинска глава
- 1 главица зелка
- 4 компири
- 3 главици кромид
- 4 свежи зелени пиперки
- 3 моркови
- 1 домат
- корен од целер и од пашканат
- 2 главици лук
- магдонос
- листови од целер
- 250 мл. црвено вино
- 1 јаболко
- црн пипер во зрна
- листови од ловор
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова јадење е 4 часа.

Половина главица зелка ја сечеме на поголеми парчиња. Парчињата зелка ги ставаме во лонец. Морковот го сечкаме на парчиња, па и него го додаваме во лонецот. Потоа на поголеми парчиња сечкаме 1 главица кромид. Парчињата кромид ги додаваме во лонецот. И компирот го сечкаме на парчиња и го додаваме во лонецот. И 2 пиперки сечкаме на парчиња и ги додаваме во лонецот.

Листовите целер ги миеме, ги сечкаме и ги додаваме во лонецот. И коренот од целер го сечкаме и го додаваме во лонецот. Истото го правиме и со коренот од пашканат. Еден домат сечкаме на парчиња и го додаваме во лонецот. На крајот во лонецот додаваме неколку ловорови листови.

Потоа во лонецот ја ставаме свинската глава. Преостанатите компири ги сечкаме на парчиња и ги додаваме во лонецот. И преостанатиот кромид го сечкаме на парчиња и го додаваме во лонецот. Во лонецот ги ставаме и чешнињата лук и црниот пипер во зрна. Коренот од целер го сечкаме на коцки и го додаваме во лонецот. Истото го правиме и со коренот од пашканат. И преостанатиот морков го сечкаме и го додаваме во лонецот. Во лонецот ги додаваме и преостанатите зелени пиперки.

Јаболкото го сечеме на четвртини, на кои им ги отстрануваме семките. Четвртинките ги сечкаме на парчиња и ги додаваме во лонецот. Ги додаваме и преостанатите ловорови листови.

Преостанатата зелка ја сечеме на поголеми парчиња и ги додаваме во лонецот. И магдоносот го сечкаме и го додаваме во лонецот.

На крајот во лонецот ставаме 2 лажици сол, виното и 3 литри вода. Го покриваме лонецот со капак, кој го затвораме со тесто. Го ставаме лонецот на оган и ја оставаме свинската глава да се вари 3 часа.

Го тргаме лонецот од оган и со нож го сечеме тестото за да го отвориме капакот. Потоа во тава ја ставаме свинската глава. Ги отстрануваме коските, а месото го сечеме на поголеми парчиња. Јазикот го лупиме и го сечкаме на парчиња. И парчињата јазик ги ставаме во тавата. Потоа со лажица решетка целиот зеленчук го вадиме од лонецот и го ставаме во тавата.

Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30- тина минути на температура од 250 степени. Ја вадиме тавата од рерна и ја ставаме на работната маса. Со лажица решетка ставаме од зепечената свинска глава на чинија за сервирање. Украсуваме со гранчиња француски магдонос.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете црвено вино.

Добар апетит.

Превземено од www.hranaivino.com.mk


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net