Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Технологија arrow Кинг Конг во вистинската историја

Кинг Конг во вистинската историја Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Вторник, 30 Мај 2006
Неколку огромни фосилни заби, понудени на продажба во Хонг Конг пред 80 години, со помош на новите методи за одредување на староста, ги доведе научниците до заклучок дека истовремено со првите луѓе постоеле и џиновски мајмуни.

Џек Ринк, геокронолог, со помош на забите ја одредил големината на приматот кој до пред 100 000 години лутал во југоисточниот дел на Азија. Приматите биле високи околу 3 метри и тежеле околу 540 килограми, а милион години го делеле просторот за живеење со првите луѓе на земјата. Од овде потекнуваат митовите за овие огромни животни.

Во плеистоценот ги сместува новата метода за апсолутно датирање. Фосилите пронајдени во областа Гуангкси во Кина, ги става во областа за која се мисли дека е првата татковина на човекот. Големината на катникот на приматот од 2,5 сантиметри ни дава слика дека се работи за огромно животно кое претежно се хранело со бамбус. Тоа е причината за неговото изумирање, бидејќи и поснаодливите луѓе во тоа време се хранеле со слична храна.

Но не е исклучена можноста некои од нив да преживеале и до денес на некој неоткриен остров од луѓето.

П.Т.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net