|
Петок, 23 Ноември 2007 |
(makfax)
Истражувачите од Националниот тајвански универзитет откриле уште една причина за да престанете да пушите. Резултатите од нивната студија сугерираат на тоа дека пушењето ги уништува фоликулите во коренот на косата.
Тоа се случува поради влијанието на пушењето врз дотокот на крв и границата на хормони , која потоа предизвикува зголемување на произведувањето на хормонот естроген.
Во истражувањето учествувале 740 мажи во просек на 65 годишна возраст, а се покажало дека влијанието на пушењето врз паѓањето на косата е воочливо врз испитаниците кои пушат повеќе од 20 цигари на ден.
Научниците кои го спровеле ова истражување, им препорачуваат на мажите навремено да ги забележат овие последици и да се откажат од цигарите доколку сакаат да имаат коса. |