|
Магнет за лекување на депресија |
|
|
|
Петок, 23 Ноември 2007 |
(makfax)
Стимулирањето на мозочните клетки со помош на брзи магнетни импулси не е опасна постапка и може да биде од голема корист во борба со депресијата, е заклучокот од последното истражување.
Новото откритие би можело да биде интересно за 20 до 40 отсто од пациентите кај кои не се постигната задоволителни резултати во лекувањето со примена на комбинации од антидепресиви и психотерапија или кои одбиваат да примаат лекови.
„Ова истражување е нов доказ за делотворноста на транскрањалните магнетски стимулации во лекувањето на депресијата“, смета Џон Кристал, уредник на магазинот Биолошка психијатрија.
Техниката на транскрањалните магнетски стимулации на мозочниот кортекс е со посебни магнетски калемон кои се става на главата на пациентот и создава магнетно поле.
Уште порано е докажано дека магнетите може да ги зајакнат менталните способности, а со ова истражување тоа е потврдно уште еднаш. |