Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Кулинарство arrow Штетното влијание на адитивите

Штетното влијание на адитивите Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Четврток, 22 Ноември 2007
(makfax) За да можете во секојдневната исхрана да го избегнете влијанието на одредени штетни адитиви, стручњаците предупредуваат дека адитивите мора да се внесуваат во организмот само во ограничени количини, а најдобро е предност да им се даде на природните намирници, кои треба да бидат темел на исхраната.

„Конзервираната храна и производите со продолжен рок на траење или пак прозводите за кои знаеме дека содржат потенцијално штетни вештачки бои, конзерванси и појачувачи на вкусот, треба да се избегнуваат или ретко да се конзумират, посебно кога станува збор за деца.“, наведува доктор Дарио Вранешиќ Бендер .

При купување на храна корисно е да ги читате декларациите на производите и да ги одберете оние кои содржат природни ароми, бои и конзерванси.

Некои адитиви се од приордно потекло како витамините, влакната, ензимите, природните бои и ароми, додека други се синтетизирани хемиски споеви.

Научниците од Универзитетот во Саутхемптон направиле истражување во кое учестувувале 153 деца на три годишна возраст и 144 на возраст од осум и девет години, на кои им биле давани сокови со различни мешавини на адитиви.

Резултатите покажале дека кај три годишните деца симптомите на хиперактивност се предизвикани само од една мешавина на адитиви, а кај поголемиот дел од децата и од двете мешавани .

Истражувањето довело до издавање на нови препораки за одредени синтетички адитиви со напомена дека отстаранувањето на боите со адитиви во прехраната на децата може да биде корисна за хиперактивните деца.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net