|
Пукањето на меури убива рак |
|
|
|
Среда, 21 Ноември 2007 |
(makfax)
Научниците од Универзитетот во Оксфорд, енергијата која настанува со распрскување на меури се обиделе да ја искористат за убивање на клетките на ракот.
Благодарение на донацијата до 1,25 милиони фунти, која ја добиле оваа година, научниците направиле уред кој внесува ултра звучни бранови во телото на пациентот, каде што, во ткивото на клетките кои се заболени од тумор се создаваат меури.
Кога овие меури ќе експлодираат испуштаат енергија слична на топлинската, која ги убива малигните клетки. Британскиот тим новата техника за лекување планира да ја примени во клинички испитувања, и тоа на пациентите кои боледуваат од рак на бубрезите и црн дроб.
Експериментот, наречен Hifu е договорен да се оствари во болницата Черчил во Оксофорд, а досегашните студии покажале ветувачки резултати, методата е подеднакво ефикасна како и хируршката, а се изведува без „отворање“ на телото на пациентот.
Покрај тоа се ограничува оштетувањето на здравото ткиво, што е случај кај радиотерапијата. |