(makfax)
Децата со кожни алергии може да се алергични на протеините кои ги има во овесот, кои се честа состојка во производите за нега на кожата.
Од 302 деца кои биле прегледани на педијатриско дерматолошката клиника во Бордеаукс, скоро една третина имале позитивни кожни реакции на овес, известил доктор Френк Боралеви, од детската болница „Пелигрин“.
Истражувачите со помош на алерголошките тестирањаa ја откриле чувствителноста на протеините од овесот кај децата на возраст од четири месеци до 15 години кои се лекувале од егзема.
Екземот кој често се нарекува атопијски дерматис, е хронично пореметување на кожата кое предизвикува осип проследен со чешање.
Вкупно 32,5 отсто од децата биле чувствителни на овес, потврдиле истражувачите од оваа студија,
Со помош на фластерот за тестирање на контактниот дерматис е откриена чувствителноста на овес кај 14,6 отсто од децата, додека со помош на други тестирања е откриена чувствителност кај 19,2 отсто од децата.
Овие алергии не се откриени при поранешните клинички тестирања. Некои деца се тестирани така што на делови од кожата кои дотогаш не им биле погодени од атопијски дерматис, им била нанесена крема која содржи овес, и кај 28 отсто од нив се појавиле екземи или некоја друга реакција.
При ова истражување исто така било откриено и дека со текот на годините, позитивната реакција на чувствителност на кожата се намалува.
Истражувачите наведуваат дека производите кои содржат овес, би требало да се избегнуваат од употреба, кај деца помали од две години. |