Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Кулинарство arrow Чоколадо со вкус на сол

Чоколадо со вкус на сол Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Понеделник, 19 Ноември 2007
(makfax) Чоколадо со благ вкус на сол и арома на портокал или лимон, е една од гасторономските пикантерии кои биле презентирани на словенечкиот саем "Le livre gourmand" во Брисел.

Бидејќи Словенија за помалку од еден месец започнува да претседава со Европската Унија, во Брисел, ја одржа презентацијата на земјата како туристичка атракција под слоганот „Ја чувствувам Словенија“.

„Нагласок на презентацијата им дадовме на нашите одлични вина, но изложивме и тартуфи, нашето автентично маслиново и масло од тиква, пршут и други сувомесни производи“, рече претставникот на туристичката организација, Рок Кланчник.

Покрај познатите и автентични производи на Словенија на овој саем таа се претстави и со повеќе невообичаени производи, како чоколадото со вкус на сол.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net