Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Технологија arrow Компјутерски вирус за борба против терористите

Компјутерски вирус за борба против терористите Испечати Е-маил
Рејтинг: / 1
СлабоНајдобро 
Понеделник, 19 Ноември 2007
(makfax) Германија вработила информатички експерти за да развијат компјутерски вирус кој би се инфилтрирал во компјутерите со кои се служат терористите, потврди портпаролката на германската полиција.

Владата се уште работи на нацрт законот со кој и правно би се обезбедило такво делување, но нема време за губење кога станува збор за самата програма.

Сојузната полиција добила упатство да продолжи со работа на развивање на вирусот, иако во февруари е замрзната сметката на овој проект, бидејќи судските власти предупредиле дека за надзор на интернет мора да постои јасно законско одобрување.

Тие тврдат дека поставувањето на вирусот во компјутерите на оние лица кои се осомничени за терористичко дејствување може да доведе до кршење на човековите права.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net