|
Сабота, 17 Ноември 2007 |
(makfax)
Мобилните во својата основа се телекомуникациски уреди, но одредени модели во последните неколку години еволуираа во камери, аудио и видео плеери, организатори и кој знае што друго. Како што сега стојат работите, мобилните би можеле да еволуираат во уште поинтелигентни апарати.
Стручњаците од ПАРЦ (Paolo Alto Research Center) објавија дека работа на софтвер за смартфоун апаратите што се во состојба да размислуваат и да ги поврзуваат работите, а потоа и да ви препорачаат што треба следно да направите.
Софтверот Магити настојува да научи што повеќе за својот сопственик и тоа на начин што ги следи неговите навики, како локациите на кои се движи, содржините на СМС и ММС пораките што ги праќа и прима, период од денот кога го користи апаратот и слични работи, за потоа да ги пронаоѓа најблиските содржини што би можеле да го интересираат сопственикот.
И колку подолго се користи овој софтвер, тој станува се поумен и нуди се пореални работи.
Стручњаците на ПАРЦ софтверот го изработиле за јапонската компанија Даи Нипон Принтинг, а пробните верзии на јапонскиот пазар би можеле да се најдат кон средината на идната година. |