|
Моника Белучи во улога на Соња Ганди |
|
|
|
Вторник, 30 Мај 2006 |
Моника Белучи се согласи да ја глуми Соња Ганди, италијанка која се омажила за синот на Индира Ганди, и политичарка која пред две година ја одбила премиерската функција заради италијанските корени. Таа во филмот ќе ја глуми сопругата на Раџив Ганди, кој е поранешен премиер на Индија.
Раџив Ганди е убиен како премиер на Индија во предизборен митинг. Со него загинува и неговата мајка, Индира Ганди, од бомбаш самоубиец во 1991 година.
Кога Конгресната партија на чело со Соња победува на изборите во 2004, таа го одбива премиерското место заради своето неиндиско потекло. Таа наименува друг премиер но останува со огромна власт во партијата. Отпорот на хиндуистичките лидери како опозиција вродува со плод Соња да не биде премиер на Индија, и со тоа да се задржи долгогодишната традиција.

Филмот ќе почне да се снима наскоро, а режисер ќе биде Џагмохан Мундра, кој веќе има добиено високи признанија во филмската индустрија. П.Т. |