|
Понеделник, 12 Ноември 2007 |
|
Истражувачкиот центар Јулих, на западот од Германија поседува најбрз компјутер на светот што се користи во цивилни цели. Скалилото од 500 најбрзи компјутери на светот ќе биде претставено во
понеделник вечер на конференцијата во Рено, во американската држава
Невада.
Компјутерскиот систем “Југен“, што неодамна бил поставен во Јулих, со 167 билиони компјутерски операции во секунда (терафлопс) го зазема второто место на актуелното скалило од 500 најбрзи суперкомпјутери. Неговата сила одговара на силата на околу 20 илјади просечни компјутери. .
Германскиот компјутер на врвот од ова скалило го замени досегашниот “првак“, системот “БлуЏин/Л“ што се наоѓа во националната лабораторија Лауренс Ливермор во Калифорнија.
На компјутерот во Јулих научниците прават компјутерски операции во истражување на материјалите, атомската физика, медицината и техника за околината. Центарот располага со уште еден суперкомпјутер, “ЈУБЛ“, кој лани го зазема осмото место на скалилото на најсилни компјутери.
“Југен“ е сместен во 16 плакари со големина на телефонска говорница и според Томас Липерт, управител на центарот, троши исклучително малку струја. Компјутерот веќе работи, но неговото официјално пуштање во работа е предвидено за февруари 2008 година. |