За подготовка на ова јадење за 4 лица потребни ви се следниве производи:
- 1 зајак
- 150 гр. сланина
- половина главица кромид
- 4 чешниња лук
- 2 моркова
- 2 лажици доматно пире
- 2 лажици брашно
- магдонос
- ловоров лист
- рузмарин
- 1 дл. бело вино
- 1 литар вода
- 250 гр. пченкарно брашно
- масло за јадење
- сол и црн пипер
Потребно време за подготовка на ова јадење е 2,5 часа.
Го ставаме зајакот на даската за сечење и го сечеме на парчиња кои ги
редиме на чинија. Месото го посолуваме и го наросуваме со мелен црн
пипер.
На оган ставаме тенџере и во него масло за јадење. Морковите ги сечкаме
на коцки и ги оставаме во сад настрана. И сланината ја сечкаме на коцки
и ја собираме во сад настрана. Потоа ситно го сечкаме кромидот, па и
него го оставаме во сад настрана. Во загреаното масло во тенџерето ги
ставаме парчињата месо да се пржат. На оган ставаме уште едно тенџере и
во него околу 1 литар вода. Во водата додаваме масло за јадење.
Парчињата месо ги превртуваме за да бидат рамномерно испржени. Водата
во тенџерето ја посолуваме. Чешнињата лук ги лупиме и ситно ги сечкаме.
Парчињата лук ги оставаме во сад настрана.
Во тенџерето со зовриена вода го истураме пченкарното брашно. Со
сукалка правиме неколку длабнатинки во брашното и оставаме да се вари
качамакот. Испржените парчиња месо ги вадиме на чинија.
Во истото тенџере ги ставаме коцките сланина и промешуваме. Додаваме
масло за јадење и повторно промешуваме. Потоа во тенџерето го додаваме
исечканиот кромид, морков и лук. Магдоносот ситно го сечкаме, го
додаваме во тенџерето и промешуваме. Во тенџерето додаваме сосема малку
вода, 2 лажици брашно и промешуваме.
Во тенџерето го додаваме доматното пире, промешуваме и налеваме околу 1 литар вода. Во тенџерето ги додаваме претходно испржените парчиња месо. Налеваме
уште околу 500мл. вода и ги додаваме рузмаринот и ловоровиот лист. Го
покриваме тенџерето со капак и оставаме да врие. Откако течноста во
тенџерето наполу ќе изврие го тргме капакот и во тенџерето го додаваме
белото вино. Повторно покриваме со капак и оставаме да врие. Откако
водата во качамакот ќе изврие го промешуваме варениот качамак со
сукалката.
На оган ставаме уште едно тенџере и во него масло да се загрее.
Тенџерето со варениот качамак го ставаме на работната маса и качамакот
го преливаме со зовриено масло. Уште еднаш промешуваме со сукалката.
Откако речиси целата течност во која се подготвуваше зајакот ќе испари
го тргаме капакот и тенџерето го тргаме од оган.
На чинијата за сервирање на двата краја ставаме од качамакот, а на
средината ги редима парчињата месо од зајак. На крајот месото го
преливаме со сосот во кој се подготвуваше.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете Македонско црвено вино.
Добар апетит. превземено од www.hranaivino.com.mk |