|
Петок, 02 Ноември 2007 |
(makfax)
Новиот изум на руските мировни сили, полицискиот робот кој е пуштен во патрола на улиците на градот Перма, сепак. ќе мора да се догради, бидејќи досега не одговара на предизвиците на овие улици.
Роботот Р- Бот 001 кој изгледа како комбинација од Атр Дита од Војна на ѕвездите и автомат за плаќање на паркинг, се движел по улиците на овој руски град, обидувајќи се да воспостави контрола, но успеал само да предизвика смеа кај случајните минувачи.
Како да не се смеете кога „полицаец“ поминува покрај вас и со метален глас вели „Внимание! Се движам напред! Внимавајте! Се движам со мала брзина“.
Мисијата на овој примерок вреден десет илјади долари е да ги снима на камера случувањата околу себе, но и да ги предупредува граѓаните да не пијат алкохол на улица и да фрлаат ѓубре во корпите за отпадоци.
И покрај двете години работа на неговата конструкција, потешкотиите дошле веќе со првиот дожд, кога на роботот му откажала електрониката.
Се покажало дека роботот има премногу низок под, и нема шанси да работи во зимскиот период од годината.
Поради овие причини тој е испратен во Москва на модернизација. |