За подготовка на ова јадење за 4 лица потребни ви се сдледниве производи:
- 1.5 кгр. Јагнешко месо од бут
- магдонос
- 200 гр. Ориз
- 3 јајца
- 200 гр. Кисела паавлака
- кисело млеко
- букова сол
- црн пипер во зрно
- ловоров лист
- 1 глаавица кромид
- масло за јадење
- сол и црн пипер
Потребно време за подготовка на ова јадење е 2 часа.
На даската за сечење со остар нож од јагнешкиот бут ја отстрануваме
коската. Парчињата месо ги редиме во тава за печење. Во тавата
додаваме масло за јадење и 2 лажички зачин Ц. Посолувааме и
зачинувааме со мелен црн пипер. Додаваме уште малку масло за јадење
и тавата со јагнешкото месо ја ставааме во фурна да се пече на
температура од 150 степени, 60- тина минути. Откако јагнешкото месо е
убаво испечено ја вадиме тавата од фурна.
На оган ставааме две тенџериња. Во првото додаваме масло за јадење.
Потоа го додаваааме оризот и неколку зрна црн пипер. Ја додавааме и
главицата кромид и листовите од ловор. Со црпалка додаваме од
зовриената вода во второто тенџере.
Промешуваме, го затвораме тенџерето со капак и оставаме оризот да се
динста. По извесно време го тргаме тенџерето од оган и го ставаме во
фурна да се пече. Печеме на температура од 150 степени 30- тина минути. На работната маса во еден поголем сад ја ставааме киселата павлака. Во
садот го додаавааме и киселото млеко. Ги кршиме двете јајца а нив ги
додаваме во садот. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во садот.
Зачинуваме со мелен црн пипер и матиме со жица за матење. Го вадиме
тенџерето со ориз од фурната и го ставаме на работната маса. Го тргаме
капакот и со голема лажица вадиме од оризот и ставаме во земјана тава.
Врз оризот ги редиме парчињата јагнешко месо. Најгоре во тавата ставаме
од содржинатаа во садот, кисела павлака, кисело млеко и јајца.
Земјаната тава ја ставааме во фурна да се пече на температаура од 150
степени 15- тина минути.
Кога филот од кисела паавлака, јајца и кисело млеко ќе се зарумени ја
вадиме тавата од фурна и ја ставаме на работната маса. Со голема лажица
вадиме од елбасаан тавата и ставаме на чинија за сервирање врз лист
зелена салата.
Еден домат го сечеме во форма на цвет и го ставаме на чинијата врз
листот од зелена салата. Врз доматот ставаме половина од засечена
зелена маслинка.
Чинијата ја декорираме со долгнавести парчиња од морков и од зелена пиперка помеѓу кои стааваме тенки кругови од ротквица.
Врз цветот од домат ставаме и гранче француски магдонос. Со тоа елбасан тавата е подготвена.
Со ова јадаење ви предлагааме да се напиете црвено вино. Превземено од www.hranaivino.com.mk |