Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Кулинарство arrow Сувите сливи како антиоксиданс во месните производи

Сувите сливи како антиоксиданс во месните производи Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Петок, 19 Октомври 2007
(makfax) Сувите сливи можат да се користат како конзерванс за месото, бидејќи имаат многу добри антиоксидативни својства. Тие откриле дека најдобро антиоксидативно делување сувите сливи имаат во претходно сварените или несолени производи како што се колбасите и печеното говедско.

Доктор Џими Китон, шеф на оваа студија и неговата екипа од универзитетот во Тексас, експериментирале со сувите сливи и со сок од сливи во различни видови месни производи – претходно варени свински колбаси, печено говедско и шунка.

Антиоксидантите ја забавуваат оксидацијата на масните киселини. Кога незаситените масни киселини оксидираат, предизвикуваат појава на непријатна миризба и вкус односно расипување на храната.

Вештачките материи, како БХА (бутилиран хидроксил анисол) и БХТ (бутилиран хидроксил толуен) се користат долго време како синтетички антиоксиданси во маснотиите, а за таа цел може да се користи и екстракт од рузмарин.

Доктор Китон тврди дека сувите сливи можат да го подобрат вкусот на некои видови колбаси и додава дека сувите сливи се додаваат во толку мали количества што немаат лаксативен ефект.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net