Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Забава arrow Кејт Мос - кунг фу мајстор

www.org.mk
Кејт Мос - кунг фу мајстор Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Петок, 26 Мај 2006
Дека ни фотомоделите не се секогаш расположени за фотографирање, покажа Кејт Мос која на досадниот фотограф му го изгазила апаратот со нозете, а потоа уште побесна му покажала неколку кунг фу зафати.

Проблематичната Кејт Мос се налутила на фотографот на една улица во Лондон, при што ја изгазила опремата, а потоа на дело дошле нејзините кунг фу зафати. Познатиот модел се налутила кога била сликана додека шетала со една пријателка по северниот дел на Лондон. Кејт е фатена како во тој момент потегнува голтка вино кое нејзината пријателка го носела во кесе. Додека се туркале дел од опремата паднала на земја.

“Како да пукна. Човек би рекол дека таа е навикната на фотографирање но тоа беше фотографија повеќе. Нанишани прилично опасен зафат кон него со ногата“, беше изјавата на неколку случајни минувачи.

Фотографот за среќа остана неповреден, за разлика од опремата.



digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net