|
Петок, 26 Мај 2006 |
Ме изневери еднаш, двапати, трипати... погледни кој сега се смее. Толку е добро да сум си јас. Тоа се стиховите кои несреќната Бритни Спирс ги испрати кон својот сопруг, инаку несуден рапер. Некогашната поп - принцеза, сега сопруга и мајка, го призна своето незадоволство од бракот.
После само две години во брак, Кевин и Бритни докажуваат дека нивниот брак е во криза. Кевин во едно американско радио изјави дека многу малку време поминуваат заедно, на што Бритни му одговори со стихови во песна. Искрените стихови кои ги изразуваат најголемите стравови на Бритни, можат да се прочитаат на нејзината официјална веб страна. Песната го опишува нејзиното чувство на заробеност во бракот, продолжува со тоа дека мислела дека е многу заљубена во сопругот но дури сега гледа дека била наивна. Бритни најмногу се плаши од мислата дека нејзиниот син Шон Престон може да го наследи проблематичниот карактер на Кевин. |