За подготовка на овој десерт потребни ви се следниве производи:
- 500 гр кори за пита
за фил
- 300 гр мелени ореви
- 300 мл млеко
- 1 прашок за пудинг од ванила
- 150 гр путер
- половина кафена лажица цимет
- 1 ванилин шеќер
- за шербет
- 400 гр шеќер
- 1 лимон
Потребно време за подготовка на овој десерт е 60- тина минути.
Во тенџере го ставаме речиси целото млеко. Тенџерето го ставаме на
оган. Во преостанатото млеко во мензурата го ставаме прашокот за
пудинг. Мешаме со жица за матење. Во тенџерето додаваме 2 лажици шеќер.
Промешуваме со жицата. Мешајќи со жицата во тенџерето го додаваме
размешаниот пудинг. Вариме на оган непрекинато мешајќи, додека пудингот
не ја добие потребната густина. Го тргаме тенџерето од оган. Во тенџере
на оган го ставаме путерот. Мешаме со лажица за побрзо да се растопи.
Изладениот пудинг од тенџерето го ставаме во сад за матење. Го матиме
пудингот со миксер. Во садот ги додаваме ванилиниот шеќер, циметот и
мелените ореви. Откако смесата ќе се соедини го исклучУваме миксерот. На работната маса ставаме една кора. Со лажица кората ја попрскуваме со
растопен путер. Ставаме уште една кора. И неа ја попрскуваме со путер.
И третата кора ја попрскуваме со путер. Врз четвртата кора нанесуваме
од филот. Половината од кората ја премачкуваме со фил. Потоа четирите
кори заедно ги виткаме во ролат. Крајот на четвртата кора го
премачкуваме со путер и го довиткуваме ролатот. Тавата за печење ја
намрснуваме со путер. Со нож ролатот го сечеме на парчиња. Парчињата ги
редиме во тавата со филуваниот дел нагоре. Тавата ја ставаме во рерна.
Печеме 20- тина минути на температура од 200 степени. Во меѓувреме го подготвуваме шербетот. Во тенџере го ставаме шеќерот.
Додаваме 200 мл вода. Промешуваме. Лимонот го сечеме на подебели
кругови. И парчињата лимон ги додаваме во тенџерето. Тенџерето го
ставаме на оган. По 5 минути го тргаме шербетот од оган. Тавата ја
вадиме од рерна. Топлата пита ја преливаме со изладен шербет. Оставаме
една ноќ питата да го впие шербетот. Парчињата Ѓул пита ги вадиме од
тавата и ги редиме на чинија за колачи.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино.
Добар апетит. Превземено од www.hranaivino.com.mk |