Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Кулинарство arrow Слатки чевли

Слатки чевли Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Четврток, 06 Септември 2007
(makfax) Компанијата Теоброма Какао’с дизајнираше преубави чевли од чоколадо, дури за 50 проценти поевтини од вистинските – еден чифт чини само 45 фунти.

Чевлите содржат 70 проценти какао, а се дел од новата колекција “Еротика“, што оваа куќа наскоро треба да ја лансира.

Доколку сакате да ја усреќите жената која ја сакате- еве вистински подарок што ги обединува двете големи женски страсти – чевли и чоколадо.

Покрај тоа што се чоколадни, чевлите се наполнети со бомбони од јагоди и шампањско, а на одредени места се позлатени со 22 каратно злато што се јаде.

Колекцијата Еротика ќе содржи 11 различни предмети што вклучуваат реплика на вистинските чевли. Сите предмети ќе бидат спакувани во златно – кафена кутија и замотани во виолетова свила од Кристијан Диор.

Но, тоа не е се, од квалитетната какао смеса со златни украси направени се и сочни усни, фалуси, гради, торзо на Аполон и Венера, како и плочки со пози од “Кама Сутра“.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net