|
Грците се подготвени да ги бркаат распуштените туристи |
|
|
|
Петок, 27 Јули 2007 |
(makfax)
Додека поголемиот дел од светот се обидува на секој начин да ги задржи своите туристи, жителите на грчкиот залив Малиа, протестираат против, како што велат „распуштените британски туристи“,.
Познатото туристичко место, кое се споредува со Ибица во Шпанија, најмногу го посетуваат младите Британци, кои ги нервираат локалните жители бидејќи биле премногу агресивни и гласни.
„Се опиваат и соблекуваат пред нас, што нема да го толерираме повеќе. Не ни пречи поради тоа што сме стари, туку тој начин на однесување лошо влијае на нашите деца. “, вели една жителка.
Сопствениците на колонијалите ставаат мрежи преку прозорците за да можат да ги заштитат излозите и скоро никој од домашните жители не излегува надвор откако ќе се стемни.
Тие сакаат да го прекинат овој туризам и репутацијата која Малиа веќе со години ја следи, па заедно со сопствениците на хотелите и продавниците организирале јавен протест, со што неколку часа го прекинале градскиот сообраќај.
Иако се свесни дека ризикуваат да останат без работата која им носи најголем финансиски приход, сепак кога ќе помислат на „лудите забави“ кои ги слушаат секоја вечер, жителите на Малиа се подготвени да го прифатат тој ризик. |