Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Туризам arrow Мирно место за одмор

Мирно место за одмор Испечати Е-маил
Рејтинг: / 1
СлабоНајдобро 
Понеделник, 23 Јули 2007
(makfax) Властите на руралната област Слокан во Британска Колумбија, Канада, се надеваат дека со забраната да се изгради антена за мобилна телефонија, ќе привлечат многу туристи, желни за мир и тишина.

“Фактот дека немаме служба за мобилна телефонија значи дека можеме да уживаме во животот без непрекинато ѕвонење и гласни телефонски разговори“, изјавил претставникот на комисијата за стопански развој на долината Слокан.

Жителите на таа долина барале од надлежните да е откажат од градење антена за мобилна телефонија во Њу Денвер, бившо рударско градче што денес брои само 600 жители.

Доколку оваа идеја не се реализира, одговорните за локалниот развој имаат намера да го промовираат мотото на долината, што ќе гласи: “Без мобилен!“ со цел да го поттикнат “мирниот туризам“.


www.org.mk

digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net