Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Кулинарство arrow Секој десети примерок храна во Хрватска е неисправен

Секој десети примерок храна во Хрватска е неисправен Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Среда, 18 Јули 2007
(makfax) Скоро секој десети примерок храна на пазарот во Хрватска е опасен по здравјето на луѓето. Ова се службените податоци добиени од Министерството за здравство и социјална служба за контрола на здравствената исправност и квалитет на храната на домашниот пазар.

Скоро осум од десет земени примероци од пазарот не ги задоволуваат прописите за храна, од различен аспект. Некои од примероците имаат од макробиолошка и хемиска контаминација до недозволено високи граници на метали и адитиви.

Но на полиците се наоѓаат и производи со поминат рок ,со оштетени пакувања или со неисправни декларации.

Од почетокот на минатата година Хрватска почнала да развива сопствен состав на предупредување кој би требало да се приклучи на европскиот RAFSS состав, доколку стане рамноправна членка на ЕУ.

Целта на тој систем е брза размена на информации за можните опасности поврзани со храна и храна за животни.

Директорот на Хрватската агенција за храна, Борис Антуновиќ, истакнува дека најмногу предупредувања кои пристигнуваат од ЕУ се поврзани со храната од Кина, Иран, Турција и САД.

Со стотина случаи од здравствено неисправна храна високо рангирани се и Германија, Шпанија и Италија.

Според службени податоци, минатата година во Хрватска најмногу опасности биле поврзани со овошје и зеленчук, зачини, храна за животни и месните производи.

Шест пријави се однесувале на микробиолошката контаминација, меѓу кои и изменета салмонела.

Седум случаи биле за хемиска контаминација, а сите примероци биле од домашниот пазар на Хрватска.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net