(makfax)
Индиските научници соопштија дека наскоро ќе патентираат таблети на чај што имаат комплетно исти ефект како и класичната шоља сварен чај.
Четворица истражувачи од индиската држава Асам, центар на индустријата за чај во Индија, инаку најголем светски производител на таа напивка, убедени се дека нивниот револуционерен производ ќе ги преплави пазарите ширум планетава.
“Таблетата е целосно безбедна за здравјето, може да се џвака или да се лиже, но може и да се стави во врела вода и да се добие шоља чај“, изјавил Миридул Харазика, еден од членовите на истражувачкиот тим.
“Сигурни сме дека таблетата чај ќе им овозможи на луѓето да се освежат и да ја задоволат својата жед со истото она чувство како и да испијат шоља сварен чај„, додава Харазика.
Продажбата на овие таблети ќе започне во Асам, а потоа и на светскиот пазар.
Некои заинтересирани британски, австралиски и ирански компании веќе стапиле во контакт со овие истражувачи.
Од 3,43 милиони тони чај, колку што е вкупно произведено во светот во 2005 година, Индија произвела една четвртина. |